Богданка Кузеска / Фото: скриншот

Кузеска: Од пожарот во Трубарево граѓаните на Скопје дишеле олово, арсен и кадмиум

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше за ПР сè уште не ја добиле ниту првата плата. Изговорите дека допрва ќе се исплателе се празно оправдување и потценување на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката на партијата Богданка Кузеска.

Млади луѓе, кои со месеци се ангажирани во општините, останаа без денар, а граѓаните без вистинска заштита во време на пожари и еколошки катастрофи.

Заедничко за ова е неспособноста на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека народот се гуши во канцерогени честички, додека депониите и понатаму горат, а 20% од територијата е изгорена, власта на Мицкоски се занимава со лаги, манипулации, со напад на опозицијата измислени приказни за хибридни напади.

Бројни калкулации и лаги за спасување на рејтингот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, опасни по живот.

Повеќе не станува збор само за неспособност, не станува збор само за лаги туку за свесно загрозување на здравјето и животот на луѓето!

Граѓаните на Скопје дишеле олово, арсен и кадмиум по пожарот во Трубарево а власта молчела.

Наместо да алармира и да преземе итни мерки, наместо да даде соодветни препораки, наместо да организира евакуација и да го заштити населението, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема.

Лично Христијан Мицкоски тврдеше дека загадувањето на воздухот не е големо. Оваа власт е неспособна, измамничка и без чувство за одговорност. Време е да одговараат и за пожарите, и за еколошката катастрофа, и за лагите со кои ги излажaа граѓаните и пожарникарите- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот