ФОТО: Twitter

Кутии, ќеси, градници: Бизарни средства за заштита од коронавирусот (ФОТО, ВИДЕО)

Во британскиот јавен превоз може да се видат невообичаени фотографии од очајните обиди за спречување на зараза од новиот коронавирус.

Со оглед на ситуацијата со коронавирусот, беше неизбежно некои луѓе да преземат драстични мерки во обидот да се заштитат од коронавирусот.

Британците се познати по својата ексцентиричност, а ова се некои од креативните мерки кои некои ги презедоа за да се заштитат.

 

Од друга страна, нема многу докази кои упатуваат на тоа дека популарните методи за превенција, како што се медицинските маски, навистина делуваат.

Така, во британскиот јавен превоz може да се видат многу чудни фотографии од очајните обиди за заштита, пренесува Инди100.

Едни носат пластични кутии на глава, други се заштитуваат со кеси од продавници, покреативните се штитат со градници, додека во маркетите се снимаат тепачки за продукти.

Во Велика Британија се регистрирани 383 случаи на коронавирус, од кои 359 се активни и засега нема пациенти кои се во критична состојба. Од заразата се излечија 18 лица, а починаа 6. Вчеравечер беше потврдено дека и државната секретарка во британското Министерство за здравство, Надин Дорис, е заболена од новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот