Фото: Твитер, Албин Курти

Курти-Дендиас: Косово може да смета на поддршката од Грција

Косово секогаш може да смета на поддршката од Грција за приклучување кон „големото европско семејство, кое е најдобар гарант за мирот и безбедноста, како и за демократијата и благосостојбата“, напиша косовскиот премиер Албин Курти на Твитер по посетата на Никос Дендиас во Приштина.

Курти оцени дека Грција ја поддржува либерализацијата на визите за граѓаните на Косово, европските интеграции и целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

„Разговаравме за билатералните односи меѓу Косово и Грција, како да ги подобриме во сите сфери, но разговаравме и за настаните во регионот, вклучително и дијалогот меѓу Косово и Србија, кој ќе продолжи на средбата на високо ниво следната сабота во Охрид, Северна Македонија“, пишува Курти.

Дендиас, кој шести пат е во посета на Косово, претходно оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а посетата ќе ја заврши на средба со вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Косово, Доника Гервала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот