Фото: Принтскрин / Редит

Купил половна јакна за неколку долари, а во внатрешниот џеб го очекувало изненадување

Одењето во продавница за половна облека на еден маж, се претвори во момент што ќе го памети цел живот. Без никакви очекувања, неименуваниот Американец ги погледнал машките одела, а она што го пронашол во џебот на едното палто целосно го изненадило , пишува „Мирор“.

Имено, тој бил навикнат да наоѓа згужвана хартија, копчиња или заборавена сметка во џебовите од половните јакни или панталони, но не бил свесен дека овој пат ќе ја напушти продавницата побогат – буквално!

Необичното откритие го споделил на платформата Редит, а неговата приказна брзо стана вирална. Како што вели, редовно ги проверува џебовите кога купува во продавници за половна облека, но никогаш не нашол ништо значајно.

Човекот откако влегол во продавницата и го барал делот за машка облека, започнал да ги разгледува палто по палта, џеб по џеб… сè додека не почувствувал нешто чудно кај десеттиот модел на палто.

OKAY… UHMMM I JUST FOUND $700 CASH IN A SUIT POCKET AT GOODWILL!!!!!!!!!
byu/Davidudeman inThriftStoreHauls

„Изгледаше како куп хартии“, објаснил тој.

Тој го купил палтото и ја напуштил продавницата. Откако влегол во автомобилот, го отворил внатрешниот џеб и видел нешто што не се гледа секој ден – плико полно со пари. Во пликото, пронашол уредно наредени банкноти од 100 долари, вкупно седум.

„Во последно време бев во тешка финансиска ситуација. Ова се случи во вистинско време. Не можам да објаснам колку сум благодарен“, објаснил тој.

И додека некој можеби се прашува дали е етички да се зачува таков „пронајдок“, повеќето корисници на Редит немаат дилема: кој и да го купи – негов е!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот