Куманово / Фото: Зоран Милановски / Google Maps

Куманово под посебен сообраќаен режим поради одржувањето на Европските младински игри

Поради одржување на Европските младински игри во Куманово, на неколку делници, меѓу кои и региналниот пат кој води до граничниот премин Пелице ќе биде воведен посебен сообраќаен режим наредните денови, соопшти денеска СВР Куманово.

Секторот за внатрешни работи Куманово ги информира граѓаните на подрачјето на Општина Старо Нагоричане е воведен посебен сообраќаен режим денеска до 14.00 часот, утре (22.07.2025) од 08.00 до 16.00 часот, среда (23.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот и четврток (24.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот. На подрачјето во село Доброшане, кумановско ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во вторник (22.07.2025) и среда (23.07.2025) од 08.00 до 17.00 часот, а во Куманово, на дел од булеварите „Трета македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“ сообраќајот ќе биде запрен во четврток (24.07.2025) од 05.00 до 14.00 часот.

Од СВР Куманово апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.

Од Спортскиот комплекс – градски базени информираат дека отворениот градски базен нема да работи поради одржување на Европски младински олимписки игри до 27 јули годинава. Базенот ќе биде отворен за посетители од 28 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот