фото: твитер

Кулушевски: Лесно ја избрав Шведска пред Македонија!

Анел Амелџохиќ не е толку познато име на фудбалската мапа, тој беше дел од младинските репрезентации на Шведска. А кога дојде моментот за која сениорска селекција да игра, одлучи да го облече дресот на Босна и Херцеговина од каде што има и потекло.

Ваквата одлука ја коментираше и Дејан Кулушевски, фудбалер кој имаше право да игра за најдобрата репрезентација на Македонија, но на крајот се одлучи за Шведска.

Лесно ја избрав Шведска пред Македонија. Мојата желба беше да ги бранам боите на шведската репрезентација. Каква била ситуацијата со Амелхоџиќ и зошто одлучил да настапува за БиХ, не знам, тој си знае најдобро. Доколку тој мисли дека тоа е права одлука, тогаш така нека биде. Понекогаш е тешко да се заборави своето потекло – вели Кулушевски.

Кулушевски своевремено ги бранеше боите на македонската репрезентација до 16 години, роден во Шведска, неговото потекло е од охридскиот крај, поточно неговиот татко е охриѓанец.

Еден од најперспективните играчи во Италија и пошироко, моментно е дел од шампионот Јувентус каде што настапува и Кристијано Роналдо, а минатата сезона играше на позајмица во Парма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!