
Културниот центар „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците, утврди Комисијата за заштита од дискриминација
Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација извршено од клубот „Ванчо Михајлов“ кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во македонското општество, утврди Комисијата за заштита од дискриминација.
Препорачано
Весна Бендевска од Комисијата за заштита од дискриминација на прес конференција рече дека Комисијата утврдила и продолжено повеќекратно повикување, потикнување и инструкција за вознемирување од културниот клуб „Иван Михајлов“ кон Сојузот на борци – Битола и кон припадниците на македонскипот народ и заедниците.
-Извршена е и индиректна дискриминација од Министерството за правда поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности со што му се овозможило на културниот центар да врши дискриминација и вознемирување. Согласно законот, Комисијата откако ќе утврди форма на дискриминација должна е да донесе препораки за начинот на кој ќе треба да се отстрани ова еклатантно вознемирување – рече Бендевска.
Комисијата го соопшти мислење по преставката за заштита од дискриминација поднесена од Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија и граѓаните продолжувачи против здружението Kултурен центар „Иван Михајлов“ од Битола за извршена дискриминација врз национална и етничка припадност.
Комисијата ги препорачува следниве препораки:
– Се препорачува здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена и што е најважно се препорачува Министерството за правада да изврши надзор врз законистоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации кој забранува да се организираат и формираат здруженија кои потикнуваат ширење на расна нетрпеливпост во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата – рече Бендевска.