Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Сникерс бајадера

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Спремањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска ви го претставуваме нејзиниот рецепт за сникерс бајадера.

– Знаете дека секогаш едноставните работи се најдобри? Така спонтано настана и оваа совршена едноставна бајадера, која потсетува на чоколадото сникерс – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

– 300 г шеќер
– 250 г вода
– 200 г маргарин / путер
– 100 г чоколадо за готвење
– 2 лажици какао
– 200 г мелени бисквити
– 200 г ситно скршени бисквити
– 400 г сечкани кикирики
– 100 г сусам (печен)

За глазура

– 200 г чоколадо + 6 лажици масло

Подготовка:

Ставете го шеќерот со водата да зоврие. Потоа додајте ги маргаринот, чоколадото и какаото. Ова оставете го да врие околу пет минути со мешање. Тргнете го на страна и додајте ги бисквитите, кикириките и сусамот.

Сè се става на хартија за печење и се распределува со дебелина од околу еден и пол прст. Може да го ставите и во обичен плех од шпорет или во каков било калап. Дебелината си ја одредувате вие.

Што се однесува до глазурата, растопете го чоколадото со маслото и распоредете го над смесата. Наросете сечкани или мелени кикирики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот