Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Штрудла со јаболко и цимет

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Спремањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска Ви го претставуваме нејзиниот рецепт за штрудла со јаболко и цимет.

– Миризлива ароматична штрудла со посебен шмек на цимет, ванила и јаболко. Нели звучи фантастично? – вели Крстаноска.

Потребни состојки:

– 500 гр готови кори
– 8/9 средни јаболки
– 1 пакетче цимет
– 1 пакетче ванилин шеќер
– 2 лажици шеќер
– 50 гр гриз
– 150 мл масло
– газирана вода
– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Излупете ги јаболките и изрендајте ги со ренде. Потоа додадете им го циметот, шеќерот и гризот.
Измешајте го маслото со газираната вода.

Земете една кора и премачкате ја со смеса од масло и вода од сите страни. Над неа наредете ја втората кора, која исто така се попрскува и над неа хоризонтално само на долниот дел врз цела должина ставате од смесата со јаболка.

Внимателно виткате како ролат и ставате врз хартија за печење.

Постапката ја повторувате и со останатите кори кои ги редите едни до други.

Се сечат пред да ги печете по посакувана должина и ги премачкувате со останатата смеса од вода со масло.

Печете во загреана рерна на 180 степени триесетина минути, додека не зарумени.

Откако ќе се излади, наросете со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот