Фото: Ана Крстаноска

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Рецепт за торта „Египет“

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Приготвувањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и на моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска ви го претставуваме нејзиниот рецепт за торта „Египет“.

– Ова е идеален предлог за роденденска торта или за некоја празнична атмосфера. Комбинацијата на лешници со два вида фил е совршен спој за слатко задоволство – вели Крстаноска.

Фото: Инстаграм/Ана Крстаноска

Потребни состојки:

За корите

  • 9 белки
  • 9 лажици шеќер
  • 9 лажици ситно сечкани лешници
  • 3 лажици брашно

Жолт фил

  • 9 жолчки
  • 8 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 750 мл млеко
  • 80 г путер на собна температура
  • 100 г бело чоколадо
  • 200 мл блага хопла

Бел фил

  • 300 мл блага хопла
  • 50 г крем-сирење
  • 2 лажици шеќер во прав

+ 100 г лешници сечкани

+ 200 мл хопла за премачкување на тортата

Подготовка:

Изматете три белки со миксер за да добиете цврст шлаг, па потоа додајте три лажици шеќер, една лажица брашно и три лажици лешници. Добиената смеса промешајте ја со лажица, па ставете ја во калап број 26 на хартија за печење. Оставете да се пече на 200 степени, во времетраење од 15 минути.
Исечете ги краевите со нож за да се одлепат од плехот.

Повторете ја оваа постапка и за останатите две кори.

За жолтиот крем, изматете ги деветте жолчки, па додајте ги густинот, шеќерот и 200 мл од млекото.

Останатото млеко ставете го на оган да зоврие, па додајте од жолтата смеса и вратете пак на оган за да се згусне како пудинг.
Тргнете настрана, па ставете го чоколадото да се стопи.

Оставате да се излади на собна температура.

Изматете го путерот, па постепено додавајте од извадениот жолт крем матејќи со микстер. Изматете 200 мл хопла во друг сад, па додајте ја во жолтиот крем.
За белиот крем, изматете го крем-сирењето со 2 лажици шеќер во прав. Во друг сад изматете 200 мл хопла како шлаг, па спојте го со сирењето. Жолтиот и белиот фил поделете ги на три еднакви дела.

Земете една кора, па премачкајте ја со едно чинивче со жолт фил. Над него ставете бел фил. Наросете со сечкани лешници.

Над нив ставете ја втората кора и повторете ја постапката.

Кога ќе завршите со сите кори, премачкајте со изматената хопла и украсете по избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот