Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Рецепт за манчмалоу колач

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Спремањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска Ви го претставуваме нејзиниот рецепт за манчмалоу колач.

– Толку едноставен, а толку вкусен. Дефинитивно, овој колач ми е на листата со омилени слатки нешта. Љубов на прво залче – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

За тесто

– 6 жолчки

– 7 лажици шеќер

– 200 мл млеко

– 100 мл масло

– 1/2 прашок за печиво

– 3 лажици какао

– 6 лажици брашно

За бел крем:

– 6 белки

– 1 ванилин шеќер

– 10 лажици шеќер

– 10 лажици шеќер

– 4 лажици вода

За глазура:

– 200 гр чоколадо

– 5 лажици вода

– 5 лажици масло

Подготовка:

Издвојте ги белките од жолчките. Додајте го шеќерот во жолчките, матете ја смесата, па додајте ги маслото и млекото. Потоа додајте го брашното, помешано со печиво и какао. Матете за да се спојат состојките, па добиената смеса истурете ја во намрсено тавче и печете на 200 степени, околу 15 минути.

Во меѓувреме, изматете ги белките како шлаг, додајте го шеќерот и матете додека не добиете погуста структура. Тогаш се става шеќерот со водата да зоврие.

Потоа малку помалку се додава во „шлагот“, матејќи додека не се стврдне доволно, односно да не е течно. Ова го правите некои десетина минути.
Многу е важно шлагот да не биде течен.

Потоа се додава врз готовата основа и се распоредува убаво од сите страни. Ставете во рерна многу кратко, колку да се зацврсти кремот. Тоа може да го проверите кога со прст ќе допрете и нема да ви лепи.

Чоколадото се топи на пареа со маслото и водата, па се става врз белиот дел.

Сечете на коцки и послужувате.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот