Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Чизкејк „Сан Себастијан“

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Спремањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска Ви го претставуваме нејзиниот рецепт за чизкејк „Сан Себастијан“.

– Секој може да ги приготви овој десерт бидејќи е едноставен и се користат некои основни намирници. Па, следете ги инструкциите и ќе бидете воодушевени – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 650 гр маскарпоне, вид италијанско сирење
  • 5 јајца
  • 180 гр шеќер
  • 30 гр густин
  • 1 лажица сок од лимон
  • 3 мали лажици арома на ванила
  • 400 мл слатка павлака

За прелив:

  • 200 гр чоколадо
  • 100 мл слатка павлака

Подготовка:

Изматете го маскарпонето со миксер, заедно со шеќерот и додадете го густинот. Јајцата се матат и полека по полека се додаваат во смесата. Матете кратко со миксер, колку да се спојат состојките. Потоа се додава ванилата и слатката павлака.

Смесата се истура во плех со обрач обложен со хартија за печење, со најмало бројче. Се пече во загреана рерна на 230 степени, со времетраење од 30 минути.

Кога ќе биде готов, извадете го и оставете го да се излади на собна температура, а потоа оставете го да „преспие“ во фрижидер и да се стегне.

Следниот ден послужете го со топено чоколадо и уживајте во совршениот кремаст вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот