Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Ви препорачуваме
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Куче претепано во Радишани, „Анима Мунди“ бараат итна реакција од надлежните институции
Во текот на вчерашниот ден, кутре старо неполни два месеци, брутално било удрено со клоца од страна на поединец, информира Здружението за заштита на животни „Анима мунди“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кутрето, родено на улица од мајка белгиски овчар, било повредено до таа мера што итно е пренесено во ветеринарна ординација каде се наоѓа под терапија и постојан надзор. Она што дополнително ја зголемува вознемиреноста, тврдат од здружението, е фактот дека на местото на настанот биле повикани службеници од Министерството за внатрешни работи, пред кои сторителот упатувал и закани дека ќе ги убие сите останати кутриња со нож – но, и покрај тоа, никакви мерки не биле преземени.
„Службениците заминале без да постапат, како ништо да не се случило“, истакнуваат од „Анима мунди“.
Според нив, ова е неприфатливо. Тие бараат итна и целосна истрага од МВР и процесуирање на сторителот. Насилството врз животни е кривично дело и за него мора да следува соодветна санкција.
Мајката и останатите кутриња се згрижени и се на безбедно, додека повредената Малина ќе остане под ветеринарен надзор сè додека целосно не се опорави, велат од „Анима мунди“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
10мин
-
23мин
-
28мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5