
КСС: Владата да го зголеми бодот за платите на администрацијата, или излегуваме на улица
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) заедно со гранските синдикати упати аларм до пратениците да не ги гласаат измените на Законот за административни службеници кој стигна на пленарна седница, затоа што „со тоа ќе гласаат против интересите на работниците во администрацијата“
Препорачано
– Ги повикувам пратениците да не го гласаат овој закон, затоа што на тој начин ќе изгласаат закон кој овозможува раст на платите од смо 100, 200 или 300 денари. Секој претеник што ќе гласа за ваков закон, гласа против интересите на работниците во администрацијата. Решението е многу едноставно – согласно член 88 од Законот за административни службеници, Владата е таа што го зголемува бодот. Значи, работата може да се заврши за половина час. Нека се зголеми бодот и ќе се се зголемат сите плати – рече на денешната прес конференција Благоја Ралповски, претседател на КСС.
Тој рече, дека според направените пресметки бодот треба да биде 103 денари за да најниската плата во администрацијата биде околу 18.200 денари, а притоа ќе се задржи распонот меѓу платите зависно од нивото на работните места.
– Владата има рок до 26 април, до 12 часот, да одговори позитивно на нашето едноставно барање да ја зголеми вредноста на бодот. Во спротивно, излегуваме на улица – секој ден, од 26-ти, од 16 до 17 часот, на просторот пред Владата и Собранието. Ова прашање засега околу 100.000 административни службеници. Колку ќе излезат на протест не знам, но во интерес на секого е да се бори за своите права и да излезе на протестот – рече Ралповски.
Тој посочи дека добиле покана од Созјузот на синдикатите на Македонија да учествуваат на нивниот Првомајски протест, но потсети дека тие не биле поддржани од нивна страна на 30 март.
– Ако Созјузот на синдикати нè поддржи на протестите од 26-ти мај и ако ги усогасиме ставовите и ние ќе бидеме присутни на Првомајскиот протест – вели Ралповски.
Тој рече дека КСС не се сложува со идејата на ССМ за лиинерно зголемување на сите плати по 2.806 денари, колку што е растот на минималната плата, затоа што тоа би бил долг процес со измени на закони, место едноставното решение што го нудат тие.
Како што нагласија од КСС, ова се заеднички ставови со нивните грански синдикати – Синдикат на администрација и државна управа на Македонија (САДУ), Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија (ССЕРИ), Синдикат на станбено – деловни, комунални и водостопански организации на РМ (ССКО), Синдикат за транспорт и врски (СТВ), Синдикат на полиција во Македонија (СПМ) ќе одржат прес-конференција.
Сојуз на синдикати: Немаме различни позиции со КСС, се бориме за зголемување на платите