Фото: илустрација / AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Крвав инцидент во Србија – напаѓачи со бело комбе пукале и убиле жена, повеќе ранети се борат за живот

Жена е убиена, а повеќе луѓе се ранети и се борат за живот во инцидент со пукање во белградската населба Вишњичка Бања. Целиот регион е под полициска опсада, а се бараат напаѓачите, кои излегле од бело комбе и почнале да пукаат кон луѓе во кафе-бар, објави „НоваС“.

Според неофицијалните информации кои ги објавија српските медиуми, станува збор за кафе-бар во кој често се собираат навивачи, па не е исклучено мотивот за нападот да е нетрпеливост меѓу навивачки групи, но тоа засега не е потврдено. Во близина на кафулето имало и автобуска постојка на која во тој момент имало десетина деца, пишуваат медиумите.

„Едно лице со тешки повреди е веднаш испратено во операциона сала под мерки за реанимација, додека другите лица моментално се во реанимација, а се врши дијагностика и третман на повредите“, соопшти Ургентниот центар околу состојбата во која се наоѓаат повредените.

По напаѓачите, кои избегале со комбето веднаш по нападот, интензивно се трага во повеќе белградски населби, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот