борислав крмов

Крмов: Африм Гаши од Левица ќе добие тужба, на Џафери му пуштивме 11 кривични, а ВМРО-ДПМНЕ нула

Африм Гаши заедно со Мерита Коџаџику, нема да добијат од нас претставка, ќе добијат ТУЖБА! И тоа ќе му биде прва тужба како претседател на Собрание. Значи, уште не беше верификуван, ќе добие тужба – истакна пратеникот Крмов во гостувањето во „24 Анализа“ на ТВ 24.

– Ние од Левица на Талат Џафери му имаме пуштено 11 кривични. Колку кривични ВМРО – ДПМНЕ му има пуштено на Талат? НУЛА – истакна Крмов.

Пратеникот Борислав Крмов се осврна кон Африм Гаши во контекст на тоа дека во четиригодишниот мандат, Гаши не земал ниту збор.

– Тие имаат високи очекувања од „колега“ кој не земал збор во Собранието на Република Македонија, а тоа му било работа – додаде Крмов.

Пратеникот Крмов го потенцираше и моментот на изречената изјава од страна на Гаши прво на албански јазик, со што е прекршен Уставот, а за кое од ВМРО – ДПМНЕ сè уште молчат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот