Фото: ТВ21

Кривичната за Ковачевски се однесува на други дејствија и не е отфрлена

Кривичната пријава што ја поднесе МВР за експремиерот Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски не е отфрлена, а во Обвинителството ги проверуваат наводите на полицијата со објаснување дека станува збор за други дејствија.

-По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица што ги наведувате се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на седницата на 6 јуни 2023 година кога точка на дневен ред била наведената одлука претседавал единствено сега осомничениот, велат од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против осум лица, а министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски потврди дека има кривична и против поранешен премиер. Но, Обвинителството излезе со соопштение дека се води истрага за шестмина.

Денеска обвинителството излезе со објаснување дека иако Ковачевски не е меѓу осомничените, сепак пријавата против него не отфрлена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот