ОЈО,зграда на основно јавно обвинителство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службената положба

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднел кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека З.Г., поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица, во текот на 2022 година за потребите на јавното претпријатие по фактури набавил вреќи за отпад од правно лице од Струмица за цена во вкупен износ од 1.239.000 денари, а во 2023 година, исто така, набавил вреќи за отпад за цена во вкупен износ од 1.872.660 денари.

– Ваквите набавки ги извршил без да се спроведе постапка за јавна набавка и конкурс за избор на идејно решение, односно постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки. Исто така, пријавениот како директор на јавното претпријатие бил должен да предложи годишен план за јавни набавки и да донесе одлука за набавка на средства за работењето на претпријатието, меѓутоа тоа не го сторил, со што постапил спротивно на член 34 од Статутот на претпријатието. Со таквите дејствија С.Г. овозможил правното лице од Струмица да се стекне со против правна имотна корист во вкупен износ од 3.111.660 денари – соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот