Поднесена е кривична пријава против двајца дебрани за намерно предизвикување пожар.

„Пријавата е поднесена против М.Ф.(41) и А.Р. (38), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘Предизвикување општа опасност’, предвидено и казниво по член 288, став 1 од кривичниот законик“, информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи-Охрид, Стефан Димоски.

Пријавените, на 12 септември во 21:30 часот, во градски парк во една населба во Дебар, со отфрлање на отпушок од запалена цигара, намерно предизвикале пожар и значителна опасност по животот на луѓето и по имотите во населбата.

Поради предизвикување пожар, претходно лишени од слобода беа жителка на село Долно Косоврасти и жител на село Рајчица, кои по чистење нива го запалиле собраниот материјал и го запалиле, по што во гаснењето морала да интервенира Територијалната противпожарна едница.