
Крива Паланка го започнува „Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани
Општина Крива Паланка со гордост го најавува почетокот на „Кривопаланечко културно лето“ 2025, опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации. Овогодишната програма има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот.
Препорачано
Програмата официјално започнува на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на неповторливиот Сашко Коцев, кое ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Кривопаланечката летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот.
• Свечено отворање: 19 јуни со стенд-ап шоуто на Сашко Коцев
• Над 60 настани: Разновидна програма за сите возрасти и интереси
• Поттикнување на културниот туризам: Се очекува да привлече посетители од регионот и пошироко
• Традиционални фаворити: Меѓународни фолклорни фестивали, ликовни колонии и фестивал на храна
• Забава за семејства: Специјални настани за најмладата публика
• Џојфест финале: 30 август, со спектакиуларен музички фестивал за крај на летотo