фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Кристоф Галтие повеќе не е тренер на ПСЖ

Фудбалскиот клуб ПСЖ го смени досегашниот тренер Кристоф Галтие, пренесува францускиот медиум „Паризиен“.

Галтие го презеде ПСЖ на 5 јули минатата година, а го водеше клубот од Париз на 56 натпревари. Изворот пренесува дека спортскиот директор на клубот Луис Кампос имаше разговор со Галтие и му рекол дека нема да ги води „светците“ во следната сезона.

Сезонава го освои шампионатот во Франција. ПСЖ беше елиминиран од Баерн во осминафиналето на Лигата на шампионите, а во осминафиналето на националниот Куп од Олимпик Марсеј.

Не успеа да се наметне како авторитет на бројните ѕвезди во клубот, поради што во текот на сезоната имаше многу проблеми со некои фудбалери на клубот од Париз.

Клубот наскоро треба да објави официјално дека договорот со Галтие е раскинат. Пред ПСЖ во тренерската кариера ги водеше и екипите Ница, Лил и Сент Етјен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот