Фото: Profimedia

Кристина Еплгејт по победата на Трамп: „Ако гласавте против женските права, престанете да ме следите“

Американската актерка Кристина Еплгејт,  која боледува од мултипла склероза, ја прокоментира победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави.

„Зошто? Кажете ми ги вашите причини – зошто? Моето дете не престанува да плаче бидејќи нејзините женски права можеби ќе бидат загрозени. Ако не се согласувате со мене, отследете ме“, напиша таа, а потоа напиша уште една објава на социјалната мрежа Икс.

Фото: Скриншот/Икс

„Ве молам, отследете ме ако сте гласале против женските права. Против правата на лицата со попреченост. Да, токму тоа. Отследете ме затоа што тоа што го направивте е нереално. Не сакам да имам такви следбеници. Така што, толку е. Исто така, после денешниот ден, јас ќе го избришам овој профил бидејќи се ова е болно“, додаде Еплгејт на Икс.

Фото: Скриншот/Икс

Да потсетиме, поранешниот претседател Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, откако проекциите покажаа дека тој победи во неколку сојузни држави кои се сметаа за одлучувачки за исходот од изборите.

Голем број познати личности во САД ѝ искажаа отворена поддршка на демократската кандидатка Камала Харис, а сега се револтирани поради победата на републиканецот Доналд Трамп. Меѓу оние кои ја поддржаа Харис се Бијонсе, Лејди Гага Џенифер Лопез и Кристина Агилера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот