
Кристина Ампева, избрана за генерален секретар на новиот синдикат – 5-та СИЛА
Во новиот синдикат веќе членуваат повеќе независни синдикати, меѓу кои Независниот синдикат на полицијата, Независниот Синдикат на нафтената индустрија, како и Гранскиот независен Синдикат на здравство, фармација и стоматологија
Гласен Синдикат на работниците се приклучи на новиот Сојуз на синдикати – 5та СИЛА, сојуз што обединува гласни, храбри и независни синдикати решени да ја променат реалноста за сите работници во Македонија, објави Кристина Ампева, претседателка на Гласен Синдикат, која е избрана за Генерален секретар на „5-та сила“.
Препорачано
– Нашата борба станува посилна, погласна и подобро организирана. Ова не е само симболичен чекор – ова е повик до сите кои веруваат во правда, достоинство и солидарност! Работниците имаат нов сојузник. Време е за синдикат што не молчи. Време е за вистинска промена – напиша Ампева на Фејсбук.
Во новиот синдикат веќе членуваат повеќе независни синдикати, меѓу кои Независниот синдикат на полицијата, Независниот Синдикат на нафтената индустрија, како и Гранскиот независен Синдикат на здравство, фармација и стоматологија.
Инаку најголем и најброен синдкат во земјава е Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и во него членуваат 18грански сндикати. При утврдувањето на претставителноста на ССМ, во2015 година бгеше констатирано е дека ССМ има 66.386 членови кои плаќале членарина, додека во 2010 година констатирано е дека броел 75.997 членови кои плаќале членарина, што претставувало 17,47 отсто од вкупниот број на вработени во Република Македонија. Претходно, во 2009 година бројот на членови изнесувал околу 115.000, а во 1993 година ССМ броел 364.000 членови и опфаќал 70 отсто од вработените.
Според една претходна студија на професорот Здравко Савески, во Македонија има значителен синдикален плурализам, со постоење на повеќе синдикални сојузи и десеттина самостојни независни синдикати, меѓу кои се КСОМ и КСС. Професорот Савески исто така навел дека е многу тешко да се утврди бројот и процентот на претпријатија кои имаат синдикат ( околу 2.000 во 2012) година.
Сега Владата предлага измени во Законот за работни односи со кои и помалку бројните синдикати во иднина ќе можат полесно утврдат репрезентативност на национално ниво, бидејќи наместо досегашните десет отсто од вкупниот број на вработени во земјава, на синдикалните здруженија ќе им биде доволно само пет отсто. Инаку, Репрезентативноста на синдикатите истече во декември, а последната седница на економско-социјалниот совет се одржа во февруари.