Кристијано Роналдо, фудбалерот на Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо не сака да остане во Манчестер јунајтед?!

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо не сака да остане во Манчестер јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ не планира да го задржи во клубот, пренесува американската телевизиска мрежа „И-Ес-Пи-Ен“.

Американските медиуми наведуваат дека Роналдо тешко ќе го реши проблемот со Манчестер јунајтед, бидејќи нема ниту една понуда за продолжување на кариерата.

Португалскиот фудбалер наводно имал понуди од Баерн, Челси, Дортмунд, Атлетико, Наполи и неименуван клуб од Саудиска Арабија во текот на летниот преоден рок, но сите овие информации подоцна се покажале како неточни.

Роналдо влезе во последната година од договорот со англискиот клуб, а на крајот од сезоната ќе стане слободен играч. Горенаведениот извор наведува дека на почетокот на следната година би можел да го раскине договорот со „црвените ѓаволи“.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг го суспендираше Роналдо, бидејќи одби да влезе во игра на крајот од мечот со Тотенхем во 12 коло од Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот