
Крис Хемсворт прави пауза од актерството: Има предиспозиција за тешка болест
Австралискиот актер Крис Хемсворт изјави дека планира да направи пауза од актерството по завршувањето на промотивната турнеја за документарната емисија „Limitless“.
Препорачано
Во петтата епизода од емисијата, Хемсворт има средба со лекар кој му ја споделува веста дека има генетска предиспозиција за Алцхајмерова болест.
„Поради комбинацијата која вклучува две копии на генот APOE4, една од мајката и една од таткото, тој има десет пати поголема веројатност да развие Алцхајмерова болест“, пишува „Венити фер“.
Моментално, дедото на актерот се соочува со оваа тешка болест.
„Не сум сигурен дека тој, всушност, веќе се сеќава на нешто и сѐ повеќе зборува на холандски, неговиот мајчин јазик. Тој зборува и на англиски и на холандски, па потоа ги меша јазиците и прави нови зборови“, вели Хемсворт.
View this post on Instagram
Во последната епизода од „Limitless“, актерот ја разработува и темата за крајот на животот и за справувањето со смртта, што го поттикнало да сака да поминува повеќе време со семејството.
„Навистина поттикна нешто во мене да посакам да си земам малку слободно време. Откако завршивме со снимањето на емисијата, јас само ги завршувам оние работи за кои имам потпишано договор. Кога ќе ја завршам промотивната турнеја оваа недела, јас ќе си одам дома и ќе бидам со мојата сопруга и со децата“, вели актерот.
Емисијата „Limitless“ се состои од шест епизоди, а актерот во нив ги поместува своите граници преку шест смртоносни тестови за да ја открие формулата за долг и здрав живот.