Фото: pexels-n-voitkevich

Кремаста, зачинета и неодолива: Рецепт за вкусна супа од тиква

Ако барате рецепт за зачинета супа од тиква, пробајте егзотична верзија која користи тајландска кари паста за мирисна арома, кокосово млеко за да ја направи кремаста и црвена леќа за дополнителна доза на протеини. Можете да го замрзнете вишокот супа и слободно да ја подгреете кога ви треба брз ручек или вечера. Послужете ја супата со семки од тиква и пржени коцки леб.

Состојки:
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 парче ѓумбир (околу 2,5 см)
3 супени лажици маслиново масло
2-3 лажици тајландски кари паста
350 г тиква од морско оревче исчистена и исечкана на коцки
2 лажички сол
1/2 лажичка свежо мелен црн пипер
200 г црвена леќа
1,5 л супа од зеленчук
400 мл незасладено кокосово млеко
1 средна лимета
потпечени семки од тиква
пржени коцки леб

Подготовка:

Кромидот, лукот и ѓумбирот ситно исечкајте ги.

Загрејте 3 лажици маслиново масло во големо тенџере на средна топлина, потоа додадете го кромидот и повремено мешајте додека не омекне, 3 до 5 минути.

Додадете го лукот и ѓумбирот и пржете колу 30 секунди.

Додадете ја тиквата, пастата од кари, солта и црниот пипер, добро измешајте и пржете 4 до 5 минути.

Додадете супа од зеленчук, леќа и кокосово млеко и измешајте.
Оставете да зоврие на средно-силен оган, а потоа намалете ја топлината на тивко вриење. Гответе со повремено мешање додека не омекнат тиквата и леќата.

Измешајте ја супата во блендер и загревајте додека не зоврие. Доколку е потребно, додадете повеќе вода, сол или бибер. На крајот додадете го сокот од лимета и убаво измешајте.

Послужете ја супата со потпечени семки од тиква и коцки леб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот