Кралската двојка ја поздрави толпата од балконот на Бакингемската палата

Надбискупот од Кентербери го круниса кралот Чарлс III на церемонија во Лондон, ставајќи ја 360-годишната круна на Свети Едвард на неговата глава додека седеше на престолот од 14 век во Вестминстерската опатија. Потоа тој го поздрави народот од балконот на Бакингемската палата.

Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс заврши со поздрави и мавтања од членовите на кралското семејство од балконот на Бакингемската палата. Десетици илјади луѓе се собраа пред палатата за да ја поздрават новата британска кралска двојка.

Илјадници луѓе ја следеа поворката додека се движеше кон Вестминстерската опатија, а претходно денеска неколку луѓе беа уапсени во близина на плоштадот Трафалгар, вклучувајќи ги и водачите на антимонархиската група Република.

Чарлс III е 40-тиот монарх што бил крунисан на ова место од 1066 година, а за време на церемонијата тој вети дека ќе го почитува законот за време на неговото владеење и дека ќе „негува средина во која луѓето од сите вери можат да живеат слободно“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот