Фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Крај на сагата: Брозовиќ станува најплатениот Хрват

По долги преговори, Марсело Брозовиќ конечно ја прифатил понудата од Ал Наср и следната сезона ќе биде соиграч со Кристијано Роналдо.

Интер како што беше и претходно договорено ќе заработи 23 милиони евра, но се чекаше договор помеѓу Брозовиќ и Ал Наср.

На крајот Хрватот се договори за соработка на три години од која ќе инкасира 100 милиони евра. Со ваквата плата, Брозовиќ ќе стане најплатениот хрватски фудбалер во овој момент.

Се поврзуваше Брозовиќ и со Барселона, меѓутоа на крајот милионите од Саудиска Арабија сепак победија.

Од Интер хрватскиот играч за врска си заминува со 330 одиграни натпревари и 31 постигнат гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот