Фото: Профимедиа

Крај на маките: Новиот изум на научниците одбива дури 99 отсто комарци!

Израелските научници развија нов вид на „хемиска камуфлажа“ што треба да помогне во борбата против комарците.

Научниците од Хебрејскиот универзитет во Израел тврдат дека нивниот изум ќе одбие 99 отсто од комарците откако ќе се нанесе на кожата, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews).

„Прво, тоа е механичка заштита од комарци. Второ, овој полимер на целулоза делува како хемиска камуфлажа. Работи на начин што го спречува мирисот што ги привлекува комарците, а потоа многу бавно го ослободува нашиот спреј. Накратко, така го продолжува времетраењето на заштитата“, објаснил д-р Џонатан Бохбот, водечки истражувач од Факултетот за земјоделство, храна и животна средина на Хебрејскиот универзитет.

Според Бохбот, типичните локални спрејови и другите производи против комарци кои се нанесуваат на кожата делуваат на спречување на каснување од комарци. Овој спреј, пак, делува така што, пред сè, ги спречува комарците воопшто да се доближат до „метата“.

Формулата што се користи за да се постигне ова е комбинација од две природни компоненти – индол, миризлива супстанција која се наоѓа во цвеќињата и полимер наречен целулоза.

Наодите на тимот научници, објавени во списанието PNAS Nexus уште во април, известија за 80 отсто намалување на нападите од комарци врз човечката кожа кога се нанесува тенок слој на нанокристалите од целулозата. Утврдено е и дека комбинираниот ефект на целулозните нанокристали со индол го намалува несењето јајца по изложување на кожата за 99,4 отсто.

„Комбинацијата на овој полимер и нашиот спреј е совршен систем за лична заштита со долготраен ефект“, истакнал Бохбот.

Израелците се надеваат дека спрејот ќе биде комерцијално во продажба достапен следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот