Крај на деценискиот конфликт? Во историска одлука во Турција, ПКК објави планови за распуштање и разоружување

Курдистанската работничка партија (ПКК), курдска милитантна група во Турција, објави дека планира наскоро да ги прекине своите активности, објавија во понеделник медиумите блиски до организацијата.

ПКК донесе историска одлука да се распушти и разоружа, како дел од новата мировна иницијатива со Турција, по четири децении вооружен конфликт, објавува АП.

Одлуката на Курдистанската работничка партија ја објави новинската агенција Фират, медиум близок до таа организација. Соопштението дојде само неколку дена откако ПКК одржа конгрес во северен Ирак.

Курди, Оџалан EPA-EFE/Mourad Balti Touati

Лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој е во затвор на остров во близина на Истанбул од 1999 година, ја повика својата организација да свика конгрес и формално да одлучи за распуштање во февруари, што би бил клучен чекор кон прекин на деценискиот конфликт кој одзеде десетици илјади животи од 1980-тите.

На 1 март, ПКК прогласи еднострано прекин на огнот, но со одредени услови, вклучително и воспоставување правна рамка за мировни преговори.

Групата води вооружен бунт од 1984 година и се смета за терористичка организација од страна на Турција и нејзините западни сојузници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот