Ковид-19 Велика Британија
Ковид-19 Велика Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Ковид-пеколот во Британија не запира: Рекордни 122.000 инфекции во последните 24 часа

Велика Британија повторно се соочи со нов раст на случаи со омикрон, а денеска забележа повеќе од 122.000 нови инфекции, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата, пишува Гардијан.

Земјата, која е една од најтешко погодените од пандемијата во Европа, забележа 137 смртни случаи од коронавирусот во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати во пандемијата се искачи на 147.857. Евидентирани се и 1.171 хоспитализации, што претставува нов раст на вакви случаи.

Засега Велс, Северна Ирска и Шкотска најавија зајакнување на ограничувањата по Божиќ. Во Англија, владата на Борис Џонсон чека и се потпира на студиите кои покажуваат дека ризикот од хоспитализација од омикрон е помал во споредба со досегашниот доминантен делта сој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот