Пратеникот Драган Ковачки и директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Ковачки спречуваше новинари да земат изјава од директорот на АНБ Христовски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска во Собранието ги попречи новинарите во земањето изјава од директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, обвинувајќи ги дека тајно снимале додека зборуваат со Христовски.

По завршувањето на седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ, на која присуствуваше и директорот Бојан Христовски, кој е во центарот на вниманието поради наводниот лажен сертификат за англиски јазик од Пловдив, новинарите на „СДК.мк“ и на „Независен.мк“ тргнаа по него за изјави, но само што новинарката на порталот „СДК.мк“, Соња Делевска, го почна разговорот со Христовски, Ковачки „интервенираше“ и почна да го прекинува, со зборовите „Директоре, ајде, ве чекаат“.

Ковачки продолжи да дофрла, меѓу другото и без никаква основа обвинувајќи ја Делевска дека го снима разговорот. На крајот, Ковачки успеа да го „спаси“ Христовски од новинарските прашања и го симна по скалите.

На однесувањето на пратеникот Ковачки попладнево реагираше Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), со остра осуда за попречувањето на работата на новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот