Седница на Владата, 16 јули 2022 г. / фото: Влада на РСМ

Ковачевски: За недела-две Владата ќе има решение за високите функционерски плати

Владата формираше работна група од министри кои ќе изработат решение за платите на функционерите, кое нема да биде предмет на поништување на Уставниот суд.

Носење на решение кое го прекршува системот за плати, во јавниот сектор, ќе значи веднаш реакција. Вчера е отворена дискусија како треба да изгледа моделот. Министрите ќе работат за да дојдат до решение – се сака да се постигне усогласување на платата на поприфатливо ниво, а истовремено да биде издржливо. Во наредните недела или две, ќе излезат со решение кое ќе биде на седница на Влада, па после тоа испратено во Собрание, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Вицепремиерите и министрите вчера на владина седница не донесоа конечна одлука како да ги намалат функционерските плати, а Ковачевски, не присуствуваше на седница поради настан во Тирана. Тој најави дека за недела-две ќе има решение, без да споменува можни коефициенти и бројки.

Од 21 март со одлука на Уставниот суд пратениците, судиите, обвинителите, избраните и именуваните функционери, градоначалниците, директорите на разни фондови, агенции и државни фирми имаат зголемена плата и до 78 отсто.

Оваа одлука предизвика жестоки реакции во јавноста, а Владата најави дека во најскоро време ќе се најде начин да се намалат зголемените плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот