
Ковачевски повика истражните органи да утврдат дали директорот на АНБ е поврзан со случаите „27 април“ и “Диво насеље“
Истражните органи треба да одговорат дали новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е поврзан со случаите „27 април“ и „Диво насеље“, како што наведува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали Милошевски е поврзан со тие случаи и дали треба да понесе одговорност.
Препорачано
-Милошевски е избран како професионалец кој што од 1997 година работи во службата и напредувал, посетувал бројни обуки кои се доминантно во САД и во Канада. За наводите кои ги дава опозицијата, тоа може да се провери од соодветни институции. Сметам дека опозицијата при назначување на секој функционер има напади, јас барем знам за што се мене ме напаѓаа, дури и мртви роднини ми споменуваа. Одговорот треба да го дадат соодветните служби кои се занимаваат со истраги ,а тие не се дел од Владата – изјави Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта молчи дека Милошевски се поврзува со „Диво насеље“, „27 април“ и дека е потписник на документот за македонското државјанство за рускиот олигарх Олександр Онишченко.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
29мин
-
29мин
-
37мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5