фото: Влада на РСМ, Димитар Ковачевски во Брисел

Ковачевски од Штип: За над 600.000 семејства Владата ја субвенционира струја до 90 %

„Обезбедивме пари и ја продолживме мерката за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи. За над 600 илјади семејства во земјата Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата и тоа до 90%.” – истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Штип.

 

Во наредните 5 месеци, како што посочи лидерот на СДСМ, Ковачевски, пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка што е поддршка од вкупно 15.000 денари. Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно, додека тие сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, добиваат поддршка од 1.500 денари.

-Затоа што ние мислиме за секого, затоа што ние не носиме популистички предизборни решенија. Ние носиме системски решенија кои имаат ефект на долг рок “порача претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски подвлече дека СДСМ веќе ги покачи пензиите во просек и за над 5.000 денари, споредбено со времето кога владееше ДПМНЕ.

При тоа Ковачевски, посочи дека просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот