Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев / фото: Википедија

Ковачев: Во РСМ немаат желба за евроинтеграција, па бараат изговор зошто тоа не може да се случи

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака европратеникот од ЕПП/ГЕРБ Андреј Ковачев ги коментира „провокациите на РСМ кон Бугарија во последните денови“ за бугарскиот БНТ.

„Очигледно е дека актуелното раководство на Република Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција. Тие бараат изговор во својата јавност зошто тоа не може да се случи, а изговорот е, се разбира, со клеветење на Бугарија“, вели Ковачев.

Ковачев е дециден дека Бугарија не дала повод за вакви провокации: „Напротив, ние се однесуваме крајно цивилизирано, европско, сакаме добрососедство. Бугарија мора да го почитува европскиот дух и да очекува странските кандидати да ги исполнат своите обврски“, рече Ковачев на прашањето дали неговата земја треба да ја зајакне својата политика во однос на Северна Македонија.

„Не ни преостанува ништо друго освен да инсистираме на нивно спроведување и да побараме од нашите партнери, како и од САД, тоа повеќепати да го повторуваат пред Скопје“, рече европратеникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот