фото: Инстаграм/Памела Андерсон/Профимедиа

Костимот за капење на Памела Андерсон од познатата серија „Чувари на плажата“ ќе биде изложен во музеј во Лондон

На својот врв во 1990-тите, американската ТВ серија „Baywatch“ привлекуваше околу 1,1 милијарда гледачи секоја недела, од кои многумина чекаа да ги гледаат сцените со трчање во црвен костим за капење на манекенката и актерка Памела Андерсон.

Сега познатиот црвен костим за капење на Памела Андерсон, кој стана симбол на една од најпопуларните серии од 90-тите, ќе биде дел од изложбата посветена на „векот на пливањето и стилот“ наречена „Splash! A Century of Swimming and Style“, пишува „Гардијан“.

Овој костим првично беше во сопственост на актерот Дејвид Хаселхоф пред да биде купен минатата година од германската компанија „BikiniARTMuseum“, која сега го позајми за изложбата.

Андерсон неодамна откри за „Вог“ дека сè уште чува уште една копија од оригиналниот костим во сеф дома и го носи повремено бидејќи и понатаму добро ѝ стои.

Изложбата ќе биде отворена од март до август 2025 година и ќе содржи повеќе од 200 предмети, меѓу кои и костими за капење „Спидо“ од 1980-тите, како и првиот олимписки златен медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот