Фото: Фејсбук/Костадин Костадинов

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ се стави во одбрана на Латас, новинарот кој ја нарече Струмица „бугарски град“

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов со објава на социјалните мрежи реагираше на, како што ја нарече, „одбраната“ што владејачката ВМРО-ДПМНЕ му ја дава на новинарот Драган Павловиќ – Латас.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ одлучува да го стави во одбрана новинарот Драган Павловиќ Латас, треба прво да се погледне во огледало и да се праша: кого точно штити и на чив грб го прави тоа?. Истиот Латас, кој во својот подкаст ја нарече Струмица „бугарски град“. Истиот Латас за кој постојат долго време јавни сомнежи, не само за злоба, туку и за сериозни обиди за сексуално насилство. Истиот Латас кој денеска е гласноговорник на една партија, но и нејзин срам. Во мојата објава немаше ниту збор за насилство, ниту повик за убиство. Тоа можел да го види само човек што во себе го носи тој мрачен нагон. Јас пишував за одбрана на честа, за семејството, за вистината. И ќе го правам тоа секогаш – гласно, исправено и достоинствено“, наведува Костадинов, истакнувајќи дека неговата критика не била кон „новинарот Латас“, туку кон „човекот Латас“ “, напиша Костадинов.

https://www.slobodenpecat.mk/latas-go-nareche-tatkoto-na-kostadinov-kockar-pa-strumichkiot-gradonachalnik-napisha-cela-familija-te-chekame-so-nash-sud/

Според него, најголемата одговорност ја има ВМРО-ДПМНЕ, која, како што вели, треба да објасни пред јавноста зошто застанува зад човек кој „вели дека Струмица е бугарски град“.

„Ова не е само политички пораз – ова е етички срам. Струмица нема да падне под туѓ јазик, туѓ симбол или туѓа етикета“, завршува Костадинов.

 

Латас го нарече таткото на Костадинов коцкар, па струмичкиот градоначалник напиша: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот