Фото Архива на СП

Косовското собрание никако да се конституира – пропадна и 49-тиот обид

Собранието на Косово не е конституирано ниту во 49-тиот обид, бидејќи денеска од присутните 90 пратеници, 50 гласаа за формирање комисија за тајно гласање за претседател на таа институција, пишува Коссев.

Претставниците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово НИСМА одбија да предложат членови на изборната комисија и не учествуваа во гласањето за формирање на изборната комисија.

Претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари ѝ наложи на собраниската служба да ги исклучи микрофоните на претставниците на тие партии кога повикаа на почитување на одлуката на Уставниот суд.

Следното продолжение на конститутивната седница е закажано за понеделник, 21 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот