[Обновено] Косовската „Вива Фреш“ станува најголем играч на македонскиот пазар, го купува и „Тинекс“ за 90 милиони евра

Фото: Kris / Google Maps

Косовската трговска компанија „Вива Фреш Стор“ постигнала договор за купување на македонскиот ланец маркети „Тинекс“, во сопственост на семејството Тодоровиќ, објави порталот „Шќип медија“.

Во извештајот се вели дека вредноста на зделката е околу 90 милиони евра. Македонската компанија, според информациите на нејзината веб-страница, во моментов работи со вкупно 44 маркети ширум државата. Според „Шќип медија“, се очекува продажбата на „Тинекс“ да се официјализира во следните денови.

[Обновено] Порталот подоцна објави дека информацијата, која ја добил од извори во „Тинекс“, не била точна и била демантирана од локалниот менаџмент на „Вива фреш“ во Македонија.

„Шќип медија“: „Вива фреш“ сепак не го купува „Тинекс“

„Вива Фреш Стор“ е водечки ланец на маркети во Косово. Има 64 објекти во 21 град во земјата и работи со повеќе од 60.000 различни производи. Според податоците од Косово, „Вива фреш стор“ има над 3.000 вработени и генерира годишни приходи од над 200 милиони долари. Во август 2019 година, „Вива фреш“ ја почна својата експанзија во Македонија со отворање на маркет во Скопје, а купи и локална фабрика за месо, од каде ги снабдува со свежо месо сите 64 свои маркети во Косово.

Косовската групација лани го купи штипскиот ланец супермаркети „Кит Го“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот