epa08667717 Elementary school students wearing face masks pass through a disinfection tunnel on the first day of school in Pristina, Kosovo, 14 September 2020. The government of Kosovo postpone the start of the school year for two weeks due to the current state with the COVID-19 pandemic. Kosovo schools reopened on 14 September for the first time since March 2020 when the COVID-19 Coronavirus crisis started. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косово: Се враќа полицискиот час и се затвораат училиштата, кафеаните и трговските центри на 12 дена

Владата на Косово денеска донесе нови, заострени, мерки за спречување на ширењето на епидемијата на ковид-19, кои ќе бидат во сила во наредните 12 дена, односно од утре до 18 април, јави дописникот на МИА од Приштина.

Меѓу другото, се воведува забрана на движењето на граѓаните во периодот од 22 до 5 часот, се затвораат училиштата и се забранува работата на угостителските објекти (освен со услугите „тејк авеј”, достава на нарачки и „драјв тру”), како и на трговските центри, вежбалниците и фитнес-центрите, освен на отворено.

На јавните и приватните предуниверзитетски институции им се наложува да ја одржуваат наставата онлјан во периодот од 12 до 18 април, додека универзитетите од 6 до 18 април, а воедно наредните 12 дена се затвораат и студентските домови и мензи.

Предвидени се и заострени мерки за јавни собири, културни, забавни и спортски настани, семејни прослави и погреби, ограничувања на бројот на патници во јавниот превоз и такси возилата и слично.

Новите мерки ги образложи министерот за здравство, Арбен Витиа, кој најави дека тие ќе се преиспитаат на 18 овој месец.

Витиа нагласи дека во изминатите две недели е забележан пораст на заболените и смртните случаи како последица на пандемијата. Конкретно, во изминатиот 14-дневен период имало 11.577 новозаболени и 150 починати, додека бројот на активни носители на вирусот моментно изнесува 13.902.

Последното деноноќие во Косово се забележани нови 11 смртни случаи и 512 заболени, со што бројката на починати достигна до 1.926 од вкупно 94.167 лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на пандемијата. Вклучително вчерашните 524, болеста досега ја совладале 77.957 заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот