Косово има над 182 илјади празни станови и 150 илјади граѓани помалку

Точно 182.849 е бројот на невселени домови низ Косово, покажуваат најновите податоци од пописот на населението во 2024 година, објавени од Агенцијата за статистика (КАС).

Врз основа на овие податоци, општина Приштина има најголем број празни домови, вкупно 25.195, а потоа следат Призрен со 16.842 и Урошевац со 15.228.

Споредено со последниот попис на населението во 2011 година, бројот на ненаселени домови е зголемен за 83.041.

Според КАС, најновите податоци даваат детален преглед на демографските промени во Косово.

„Овие податоци даваат детален преглед на населението, возрасните групи, полот и домаќинствата, помагајќи да се анализираат демографските промени низ годините. Овој податок дава карактеристики на населените места, инвалидскиот статус, зградите, домувањето и домаќинствата, како и образованието“, се наведува во соопштението на КАС.

Покрај оние за станови, новите податоци на КАС го покажуваат и бројот на нови згради кои имаат барем еден вселив стан.

Според статистичките податоци, ширум земјата има 274.116 такви објекти. Дури и оваа бројка во споредба со пописот на населението во 2011 година е зголемена за 26.167 единици.

Зголемување има и кај вкупниот број на станбени единици споредено со состојбата пред 13 години. Додека во 2011 година имало 312.711, минатогодишниот попис покажува 556.779 објекти.

Агенцијата за статистика во декември минатата година ги објави првите конечни резултати од пописот на населението. Врз основа на овие резултати, Косово има 1.602.515 жители.

Оваа бројка во однос на пописот од 2011 година е за околу 150 илјади жители помала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот