Коснет: Работиме за нормализирање и заемно признавање на Косово-Србија

Амбасадорот на Соединетите американски држави во Косово, Филип Коснет, во Приштина го прими специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Тие разговараа за „заедничките интереси“ во  врска со тековниот дијалог межу овие две земји.
„Вашингтонските договори го надополнуваат овој процес предводен од ЕУ. Продолжуваме да работиме заедно за да ги постигнеме заедничките цели: нормализација и взаемно признавање меѓу Косово и Србија“, напиша Коснет на Твитер.
Денес и вчера Лајчак престојуваше во Косово, каде се состана со лидерите на институциите.
По состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи, Лајчак на Твитер напиша:
„Се согласивме дека на дијалогот му треба сеопфатен договор“.

На 4 септевмри во Вашингтон, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, Косово и Србија потпишаа договор за нормализирање на економските односи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!