
Кошмарна седмица пред дербито – и Барса и ПСЖ во големи маки со повреди
Барселона и Пари Сен Жермен во среда од 21:00 часот на „Монжуик“ ќе го одиграат дербито од второто коло во Лигата на шампионите, но двата тима во дуелот влегуваат со сериозни кадровски проблеми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Каталонците во текот на неделата останаа без Фермин Лопез и Пабло Гави, а во петокот пристигнаа нови лоши вести – се повредија и Рафиња и првиот голман Жоан Гарсија. Бидејќи Тер Штеген е надвор од терените уште од почетокот на сезоната, следниот месец сигурно ќе брани Војчех Шчесни.
Фермин и Рафинја ќе паузираат околу три недели, додека Гави ќе се врати дури напролет, најрано во март.
Ни ПСЖ не стои подобро. Иако во саботата славеа над Оксер, мечот го завршија со нови проблеми – Витња и Кварацхелија излегоа повредени и нивниот настап против Барса е под знак прашалник. Дополнително, Луис Енрике веќе не може да смета на Дембеле, Дезире Дуe, Маркинјос, а неизвесен е и Жоао Невеш.
Ситуацијата е крајно комплицирана и за Ханси Флик и за Луис Енрике, па останува да се види како ќе го склопат составот за мегадербито во Лигата на шампионите.