epa05478924 USA's Draymond Green (L) and Serbia's Nikola Jacovic in action during the men's preliminary round match between the USA and Serbia for the Rio 2016 Olympic Games Basketball tournament at the Carioca Arena 1 in the Olympic Park in Rio de Janeiro, Brazil, 12 August 2016. EPA/JORGE ZAPATA

Кошарскиот турнир на ЛОИ е променет, со помалку натпревари до медал

Форматот за натпреварување на кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки игри е променет и сега наместо по две групи со по шест репрезентации ќе има три групи со по четири селекции.

Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од секоја група, како и двете најдобри третопласирани селекции. на тој начин кошаркарскиот турнир во групната фаза ќе го завршат четири од вкупно 12 репрезентации кои учествуваат на ЛОИ.

Со промената на форматот, намален е бројот на натпревари на патот до златниот медал и победникот ќе одигра шест, а не наместо осум натпревари како што беше досега.

Пласман на кошаркарскиот турнир на ОИ во Токио досега обезбедија репрезентациите на САД, Франција, Шпанија, Австралија, Аргентина, Иран, Нигерија и Јапонија, а останатите четири учесници ќе бидат познати по одигрување на квалификациските турнири.

Во женска конкуренција познати се 12 репрезентации кои ќе учествуваат на Олимписките игри, тоа се Јапонија, САД, Белгија, Канада, Австралија, Франција, Порторико, Нигерија, Србија, Кина, Јужна Кореја и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот