Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Кошаркарките на Вардар со титулата во јуниорска конкуренција
Во натпреварот за шампионскиот трофеј, кошаркарките на Вардар беа убедливи против МЗТ Скопје Аеродром со 64:47 на финалниот турнир М18 лига во женска конкуренција.
Препорачано
За неполни пет минути, Вардар направи предност од 8:0, а до крајот на првата четвртина, реализираше уште толку поени и ја најави победата во финалето.
МЗТ никако не успеваше да ја пронајде својата игра која го донесе до последниот натпревар во оваа сезона. Осумте поени во серија на почетокот на вториот период, беа некаква најава дека МЗТ може да биде конкурентен во битката за златните медали.
Но, тој блесок на девојките во „сино-бела“ комбинација не траеше долго. Вардар брзо ја врати предноста од првата четвртина. На големата пауза Вардар замина со огромна позитива од 38:14.
Релативно израмнета беше играта во третиот дел од финалето. Но, сепак Вардар беше подобар и во тој период, (19:15), за уште повисоки и недостижни 57:29.
Дел до играта во кој Начевска веќе стигна до дабл-дабл учинок од 16 поени и 18 скокови, Џангаровска ја следеше со 14 поени. Алексова финишираше со 14 поени за МЗТ Скопје.
Ања Начевски од екипата на Вардар беше прогласена за МВП на завршниот турнир.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Бадел 1862 – MЗТ Скопје 49:63
Вардар – Крива Паланка 80:44
Натпревар за трето место
Бадел 1862 – Крива Паланка 80:61
ФИНАЛЕ
МЗТ Скопје – Вардар 47:64
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5