Фото: КФСМ

Кошаркарите се селат во Куманово, селекторот Илиевски го скрати списокот

По неколкуте одработени тренинзи во СРЦ „Кале“ во Скопје, нашата сениорска репрезентација денеска ќе се пресели во Куманово каде ќе биде оној завршен дел од подготовките.

Во реновираната спортска сала во Куманово, каде на 2 август, ќе го играме првиот првиот натпревар од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година, „црвено-жолтите“ ќе реализираат уште неколку тренинзи, по што селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти, ќе го дефинираат и конечниот избор на играчи кои ќе бидат во протоколот за средбата со Романија.

За подготовките во Куманово Илиевски ќе смета на 15 кошаркари:

Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марко Миловановиќ, Валмир Какруки, Никола Василевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Тома Стојаноски, Марко Луканоски и Џејкоб Вајли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот