фото: Академија ФМП

Коронавирусиот влезе и во трет кошаркарски тим во Македонија

Екипата на Академија ФМП е третиот кошаркарски тим од првата лига кој има позитивни на коронавирус.

По Работнички и МЗТ Скопје, Академија ФМП објави дека двајца кошаркари се позитивни на ковид-19 по што целиот тим е испратен во самоизолација.

И покрај тоа што клубот ги следеше сите препораки и сите протоколи за работа при услови на пандемијата од Ковид-19, двајца играчи од нашата екипа се позитивни на корона вирусот. Им посакуваме лесно и брзо справување со вирусот.
По препорака на институтот за јавно здравје целата екипа оди во карантин.
Чувајте го вашето и здравјето на вашите најблиски!“, стои во соопштението на Академија ФМП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот