epa09092175 German national soccer team's head coach Joachim Loew (C) reacts during the team's training session in Duesseldorf, Germany, 23 March 2021. Germany will face Iceland in their 2022 FIFA World Cup qualification UEFA group J soccer match on 25 March 2021. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Корона кај противникот на Македонија, позитивни двајца германски репрезентативци

Фудбалската репрезентација на Германија пред вечерашниот натпревар со Исланд на стартот од квалификациите за СП 2022 година, со соочува со проблеми со коронавирус.
Селекторот Јоаким Лев на вечерашниот натпревар, но и на натпреварот против Македонија на 31. март нема да може да смета на Јонас Хофман и на Марсел Халстенберг кои се позитивни на коронавирус и на кои веднаш им е одреден задолжителен карантин.

Од германската фудбалска федерација соопштија дека тестовите се направени вчера вечер, а резултатите пристигнале утринава и на на нив имало два позитивни случаи,
И двајцата фудбалери немаат симптоми, но веднаш се изолирани од останатите репрезентативци и е започната истрага за тоа со кого имале контакти.

– Јасно е дека оваа вест е разочарувачка бидејќи доаѓа на неколку часа пред почетоткот на натпреварот. Убедени сме дека случајот ќе се затвори само со двајца позитивни на коронавирус бидејќи сите ги почитувавме хигиенските и здравствените протоколи – изјави директорот на германската репрезентација, Оливер Бироф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!