Северна и Јужна Кореја, Фото: МИА

Корејските лидери разменија „писма на пријателство”

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џае-ин размениле „писма на пријателство”, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, а потврди и канцеларијата на Мун.

Во своето писмо, Мун ветува дека ќе продолжи да работи на обединување врз основа на декларациите донесени на состаноците во 2018 година и покрај „тешката ситуација” и тензиите предизвикани од севернокорејското тестирање на интерконтинентални балистички ракети.

Ким во својот одговор му се заблагодарил на Мун за обидите да ги подобри односите меѓу двете земји и истакна дека овие „историски” самити им дадоа на луѓето надеж за иднината, а двајцата лидери се согласија дека врските ќе се развиваат доколку двете страни „направат неуморни напори со надеж”.

Во текот на 2018 година, Мун и Ким одржаа три состаноци на кои ветија доближување до мир и помирување, но во текот на изминатите неколку години односите повторно се влошија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот